Потпишан уште еден Меморандум со Бугарија

“Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер денеска во Софија во рамки на заедничката седница на македонската и бугарската Влада потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија..
Целта на овој Меморандум за разбирање е промовирање на трговската и инвестициската соработка помеѓу претпријатијата и особено малите и средни претрпијатија на двете земји.Согласно Меморандумот, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија при Министерството за економија на Република Бугарија во наредниот период ќе воведуваат нови можности за трговска и инвестициска соработка и ќе ги поттикнуваат малите и средни претрпијатија (МСП) од двете земји да одржуваат различни форми на соработка.
Соработката согласно потпишаниот Меморандум ќе биде во делот на размена на информации во врска со политиките и мерките за промоција на МПС, размена на искуства во организирање и администрирање на активности за обезбедување на услуги за МПС, организирање на семинари, саеми изложби и други промотивни активности за зајакнување на меѓусебната размена и соработка помеѓу МПС од двете земји.” пренесуваат од ТВ21.
Линк до веста:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…