Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ: Лебот мора да биде скап бидејќи големите пекари имаат кредити
Потретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Кочовска Димитриевска во своето гостување во Тема на Денот на Сител телевизија застана во одбрана на големите пекари правдајќи ги со цената на транспортот, бројот на вработени и големите кредити кои наводно овие компании ги имале.
– Слушам дел од пекарите зборуваат дека на нив им одговара да продаваат леб за 33 денари, меѓутоа зборуваме за најголем дел маалиски пекари, станува збор за пекари кои немаат или можеби имаат кредити но тоа не се големи кредити, немаат голем број на вработувања, не го дистрибуираат лебот во маркетите.
Друго оправдување кое го дава Кочовска за големите пекари имајќи ја во предвид пониската цена на лебот на пример во Штип е што таму имало само маалски продавници и немало големи маркети.
-Големите маркети си имаат одреден процент од кој не можат и не сакаат да се откажат, има место на полицата кое се плаќа поскапо, во Штип има маалски продавници претежно, нема големи маркети како Веро, Тинекс, Кипер, КАМ и слично.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…
Бројот на починати во државата во изминатата…
(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…
Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…
(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…
Ова е објава за читање за сите…
Американски разузнувач: Супербомбата на Пентагон можеби е…
Поранешниот американски разузнавачки службеник, Метју Шумејкер, предупредува…
Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…