Објавено на:

Почеток на крајот на ЕУ? Унијата планира огромно задолжување заради кризата со енергенси

t

Европската Унија неделава би можела да го претстави планот за издавање заеднички обврзници, чиј износ би можел да биде огромен и би се искористил за финансирање на трошоците во енергетскиот и одбранбениот сектор, објави „Блумберг“.

Предлогот би можел да биде претставен по вонредниот самит на ЕУ, што во четврток почнува во Версај. Според планот, Европската комисија ќе издава обврзници и ќе ги канализира парите до земјите-членки преку поволни заеми за да ги финансира трошоците во наведените области – изјавиле официјални лица запознаени со подготовките, кои сакале да останат анонимни, бидејќи плановите сè уште не се објавени во јавноста.

Официјалните лица додаваат дека надлежните се уште ги разработуваат деталите за продажбата на обврзниците и висината на долгот.

Треба да најдеме нови алатки за да ги решиме новите прашања што ни ги поставува оваа криза – изјави синоќа еврокомесарот за економија Паоло Џентилони пред европратениците во Стразбур.

Тој додаде дека е на мислење оти лидерите на ЕУ на претстојниот самит во Версај ќе дадат политички насоки за натамошните чекори на Унијата.

„Блумберг“ наведува дека портпаролот на ЕК одбива да ги коментира деталите, изјавувајќи само дека официјалните лица продолжуваат да ја следат ситуацијата и се подготвени да одговорат на променливите околности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Честито задолжување од пола милијарда: Законот за…

Во Собранието денеска беше донесен Законот за…

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство,…

„Државата се доведува во ситуација со пари…

Лукаревска: Со новото задолжување од Унгарија долгот…

ВМРО-ДПМНЕ како опозиција постојано зборуваше дека имаме…

Задолжувањето од Унгарија помина на владина седница

Законот за кредитот што Македонија треба да…