Почивaj во мир, ангелу – блиските на зaгинaтата девојка во сообpaќајката кај „Сити Мол“ се простија со Викторија

t

Блиските на зaгинaтата девојка во сообpaќајката кај „Сити Мол“ се простија со Викторија

„Убавице, почивај во мир. Каква кукла, многу имаше пред тебе душо требаше да имаш успеси, да му се радуваш на животот. Патувај кон светлината! Сочувство до семејството на прерано и трагично загинатата Викторија која што синоќа беше прегазена кај Сити Мол“, стои во објавата на социјалните мрежи.


24 годишната Викторија Николова од Радовиш доцна синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа додека поминувала на пешачки премин пред трговскиот центар Сити мол во Карпош.

Трагичната незгода се случи нешто по 19.30 часот на оваа раскрсница кога дваесет и двегодишниот скопјанец со неговиот автомобил удри во Николова. За брзината со која возел сведочат трагите од ударот на возилото. Николова минувајќи го пешачкиот премин била само два чекори пред нејзиниот пријател и тоа го спасило од сигурна смрт.

Снимките од камерите поставени на раскрсницата но и на објектите во непосредна близина на крстосницата ќе го дадат одговорот што точно се случило, зошто според изјави на сведоци возачот претекнувал друг автомобил непосредно пред пешачкиот премин, дали и кое светло било вклучено на семафорот за возачот.

Дваесет и две годишниот скопјанец кој ја усмрти Викторија покосувајќи ја на пешачки премин на булеварот Партизански одреди не бил под дејство на алкохол, покажуваат првичните анализи на крвта и урината. Според информациите, тој добил возачка дозвола само пред една година, но моќноста на возилото било во рамките на дозволеното за почетник.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода согласно член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомничениот управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.

Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците или вештаците и со тоа да ја попречува кривичната постапка, како и оправдан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Оваа трагедија е доказ дека сообраќајната култура кај возачите во Скопје но и во државата е на многу ниско ниво, сметаат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

МВР има изречено над 240 илјади казни минатата година, а повеќе од 100 илјади биле за брзо возење во и вон урбаните средини. Во 2021 година 111 лица го загубиле животот, повеќето од нив пешаци.

МВР има подготвено законски измени кои предвидуваат повисоки казни за овој тип на кривични дела и бара од пратениците да ги изгласаат..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мечка усмрти 30-годишен падобранец

Мечка нападнала војници на Алјаска. Едниот им…

Страшно: Се запали авион со 113 патници…

На аеродромот во Чонгкинг, Кина, се случи…

Трагедија во Битола: Гранитна плоча згмечи двајца…

Еден работник загина, а друг е тешко…

Трагедија: Удавен скопјанец пронајден во Врадар

На 19.04.2022 околу 12.00 часот во СВР…