Почина вирологот кој прв јавно кажа дека кopoната потекнува од лабараторија

Францускиот виролог Лук Монтање, кој во 2008 година ја доби Нобеловата награда за истражување на вирусот ХИВ, почина денеска во Париз.
Монтање ја доби Нобеловата награда за медицина за откривање на вирусот ХИВ со група научници, а за време на пандемијата на коронавирусот беше отворен противник на вакцините и тврдеше дека Ковид-19 е создаден во кинеска лабораторија.
За време на својата кариера бил директор на Светската фондација за истражување и превенција на СИДА во Париз.
Во годините пред почетокот на епидемијата на СИДА, тој направи значајни откритија за природата на вирусите и придонесе да се сфати како тие можат да ги променат генетските информации на организмите домаќини.
Неговото истражување за интерферон го отвори патот за откривање на фармацевтски лекови за вирусни болести.
Францускиот вирусолог беше еден од првите кои тврдеше дека ковид-19 нема природно потекло и дека е создаден во лабораторија.
„Дојдовме до заклучок дека е направена манипулација со овој вирус“, рече Монтањие во интервју за француската телевизија „Си-њуз“( C-News).
„Вирусот нема природно потекло, тој е дело на молекуларен биолог. Не е познато со која цел е тоа направено. Мојата работа е изнесување факти, јас никого не обвинувам и не знам кој тоа го направил и зошто. Можно е да сакале да произведат вакцина против вирусот на ХИВ“, изјави нобеловецот.
Ова негово тврдење тој го темели на присуството на елементи од ХИВ и маларија во генот на новиот вирус, што според него е многу сомнително.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…