Почина жената што учествуваше во атентатот на Анте Павелиќ

t

Милева Гаќеша, последната жива учесничка во атентатот на Анте Павелиќ, почина вчера во Буенос Аирес.

Во обидот за атентат врз поранешниот шеф на Независна држава Хрватска биле вмешани повеќе лица. Таа рече дека нејзиниот брат Милан Гаќеша, нејзиниот сопруг, свештеникот Радојица Поповиќ и таа биле вклучени во организацијата на атентатот.

Павелиќ во куќата каде што живеел, во градот Ломас дел Паломар, во близина на Бунеос Аирес, бил придружуван од Мило Кривокапиќ и Благоје Јововиќ, кои пукале во него.

Се се одвивало на улицата која денес се вика Санчез, во еден момент Благоје Јововиќ се нашол сам со Анте Павелиќ на таа улица. Го ранил на 10 април 1957 година, на 16-годишнината од основањето на Независна Држава Хрватска.

Првото прашање упатено до Милева Гаќеша Пиќан во 2020 година беше секако зошто решиле да го убијат, а таа одговори вака:

„Од голема болка и омраза кон него, бидејќи тој оди слободно, со својата усташка стража, а нашите маченици сè уште не знаат каде се гробовите.

Освен активна улога во следењето на Павелиќ и обезбедувањето оружје, Милева несомнено ги демантираше лагите за атентатот организиран од југословенската тајна служба во емисијата ОКО на Стеван Костиќ емитувана на РТС во 2019 година и докажа дека овој херојски чин бил дел од група ентузијасти, одлучни одмаздници.

Нејзиниот мотив биле страдањата на нејзиниот татко од усташкиот терор во Втората светска војна, пренесе Б92.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ