Почина поранешниот градоначалник на Куманово – Бајрам Сулејмани
Почина поранешниот градоначалник на Куманово, Бајрам Сулејмани, кој на функција беше од 1989 до 1991 година.
Актуелниот предводник на општина Куманово, Максим Димитриевски изрази сочувство до семејството Сулејмани.
-Со најголема почит сакам да упатам искрено сочувство до семејството на поранешниот градоначалник на Општина Куманово, г-дин Бајрам Сулејмани. Г-дин Сулејмани беше извонреден педагог, професор, новинар и публицист. Во текот на својата богата кариера работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалната радио станица, а во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово. Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната Занаетчиска Комора. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница. Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување – напиша Максим Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Tyжба од уредникот на Инфомакс за…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го тужи…