Почна лидерската средба – Филипче не се појави
Во Клубот на пратениците започна лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. На средбата, покрај коалициските партнери од ВЛЕН и ЗНАМ, присуствуваат и лидерите на опозициските партии ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Како што беше најавено, столчето на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остана празно откако тој минатата недела ја одби поканата.
На дневен ред се неколку клучни прашања:
Укинување на техничката влада;
Реформски закони во правосудството;
Измени во Изборниот законик;
Избор на нов народен правобранител.
Пред почетокот, Димитар Апасиев ги повтори барањата на Левица за една изборна единица и итно укинување на техничката влада. Премиерот Мицкоски претходно истакна дека очекува широк консензус за овие реформи пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почна лидерската средба – Филипче не се…
Во Клубот на пратениците започна лидерската средба…
Последните зборови на младиот фотограф од Охрид…
„Ангелите можеби не доаѓаат секогаш кога ги…
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе…
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и…
Владата ја призна буџетската дупка од милијарда…
Како што најавивме уште во декември дека…
Среброто достигна рекорд, златото на 10 долари…
Цената на среброто се искачи над 90…