Објавено на:

Почна ли палењето на Босна? – Убиен висок полициски функционер во Република Српска

t

Сите капацитети на МВР на Република Српска се распоредени во Приедор за да се најде убиецот на началникот на секторот за криминалистичка полиција Раденко Башиќ, соопшти денеска директорот на полицијата на РС Синиша Кострешевиќ.

„Дирекцијата за организиран и сериозен криминал, заедно со полициската управа Приједор, работи на расветлување на ова кривично дело, под надзор на Специјалното одделение на обвинителството. Покрај полицијата на Српска, сите други безбедносни агенции во БиХ и регионот се вознемирени“, рече Кострешевиќ.

Тој вели дека ќе направи се овој случај да не остане нерешен.

Кострешевиќ рече дека ова убиство ги потресе граѓаните на Приједор.

„Ова е тежок удар за МУП на Српска, би рекол и за државата. Затоа што нападот врз полицијата е напад врз државата. Како што знаат сите граѓани на Приједор, тој е многу чесен човек и професионалец, тешко е да разговараме за тоа“, рече Кострешевиќ.

Непознат е идентитетот на убиецот на 50 годишниот началник а како што јави РТРС, Башиќ бил убиен кога отишол на работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…

Во петок наутро посебен режим на патот…

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

По четири и пол години, една држава…

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…

Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…

Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…

Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…

Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…