По барање на Левица, МОН ги одзеде ингеренциите на Општина Битола за образование поради злоупотреби на директорката Сервини

t

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните случувања во техничкото училиште се загрижувачки и одраз на сериозни дупки во образовниот систем. Злоупотребата на ученици и притисокот врз вработените не може да се занемари.

Одземањето на ингеренциите на Општината Битола од страна на МОН за техничкото училиште е само едно мало поместување. Но ова е само дел од широкиот проблем што треба да се реши. Левица, како застапник на правата на учениците и вработените во образованието, се обидува да ја подигне свеста и да ги заштити нив и нивните права.

Левица се залага за образование во безбедна и стабилна околина, каде што учениците може да се развиваат, а вработените да имаат безбедно работно место. Истовремено, сметаме дека дијалогот и соработката помеѓу сите заинтересирани страни се клучни за подобрување на образовниот систем.

Па оттука го повикуваме ОЈО за организиран криминал да отвори истрага за злоупотреба на службена положба на Сервини, Коњановски и Државните просветни инспектори, а поради бројот на инволвирани лица во сите овие неправилности и истрага за злосторничко здружување.

Нашата цел е да продолжиме да се бориме за обезбедување на квалитетно образование и безбедно работно место во образованието.

Линк од објавата на Левица – Битола

Претходно Левица реагираше за злоупотреби на малолетни деца од страна на директорката Сервини по што следеа пријави до инспекторатот за образование на МОН и тоа:

После објавувањето на веста дека ученици од Битола биле присутни во Софија претставени како истомисленици на Ванчо Михајлов, предводени од директората на средното техничко училиште во Битола, Жанета Сервини, наместо таа да си поднесе оставка од морални причини, упатува телефонски закани до советниците на Левица преку нејзина адвокатка и бара отстранување на нашата реакција.

Левица како најавтентична политичка партија и единствена која се залага за заштита на македонските национални интереси, има обврска кон јавноста јавно да ги обелодени сите кои работат спротивно од интересите на Македонија, и институционално да реагира, па затоа еднаш, а еве и сега пак, го повикуваме градоначалникот Тони Коњановски да ја разреши од нејзината фунцкија директор на СОУ „Ѓорги Наумов”.

Битола како град кој дал многу жртви во борбата против фашизмот не смее да дозволи индоктринација на неоврховизмот врз ученици и ширење на фашистичките идеали, и ние како локално раководство на Левица во Битола ќе продолжиме да ги штитиме асномските идеали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…