Објавено на:

По Еди Рама, Трамп ја покани косовската претседателка Османи во Одборот за мир

t

„Длабоко сум почестена од личната покана на претседателот Трамп да ја претставувам Република Косово во Одборот за мир, како член-основач, рака под рака со САД во мисијата за побезбеден свет“, напиша Вјоса Османи, претседателката на Косово во прилог на копијата со писмо потпишано од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Храброто лидерство не само што зборува за мир, туку го гради. Токму тоа го прави претседателот Трамп со оваа историска иницијатива.Исто како што Америка донесе мир во Косово, денес Косово стои како нејзин цврст сојузник за да го однесе мирот понатаму.Историјата ги памети оние кои прават смели чекори во градењето мир – и ние сме подготвени“, додава Османи.

Претходно ваква покана доби албанскиот премиер Еди Рама, кој е првиот политичар од регионот кој бил поканет од Трамп. Рама со воодушевување ја прифати поканата, а веднаш ѝ честита и на Османи за укажаната чест од американскиот претседател.

„Честитки госпоѓо претседателке, драга Вјоса, за добивањето на поканата да се приклучите на Мировниот одбор, многу значаен гест од претседателот Трамп кон Косово, кој дополнително ги зајакнува пријателските односи на Америка со албанскиот народ, но исто така дава значаен сигнал за безбедноста и припадноста на Косово во просторот на широк американски интерес во светот, напиша Рама во честитката.

Сепак, Косово останува на листата од 75 држави, каде и и Македонија, чии државјани од денеска нема да може да аплицираат за иселенички визи, откако Трамп потпиша одлука за суспензија на неодредено време.

Одборот за мир има за цел да „промовира стабилност, да воспостави сигурно и легитимно управување и да обезбеди траен мир“ низ целиот свет – особено во „подрачјата погодени од конфликт или под закана од конфликт“. Документот му дава широки овластувања на претседателот Трамп.

Според повелбата, единствена одговорност на претседателот е да покани одредени држави да станат членки на Советот. Членството е ограничено на три години, но може да се продолжи од страна на претседателот. Само државите што ќе придонесат повеќе од една милијарда американски долари во финансискиот фонд на Одборот за мир во првата година по неговото основање ќе останат постојани членки.

Десетици светски лидери веќе добиле писма со покана да се приклучат на Одборот за мир на Трамп. Поканети се австралискиот премиер Ентони Албанезе, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кипарскиот претседател Никос Христодулидес, египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, индискиот премиер Нарендра Моди, јорданскиот премиер Џафар Хасан, пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, полскиот претседател Карол Навроцки, рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, британскиот премиер Сер Кир Стармер, албанскиот премиер Еди Рама, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Поканет е и рускиот претседател ја примил понудата, но засега нема потврда дека Путин прифатил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Еди Рама, Трамп ја покани косовската…

„Длабоко сум почестена од личната покана на…

Трамп: Лоша е ситуацијата, но нема да…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Владимир Панчевски во трка за Државен јавен…

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1,…

Трамп во Давос: Да не бевме ние,…

Во својот говор на Светскиот економски форум,…

Орце Ѓорѓиевски го прогласи Скопје за исчистено:…

Градоначалникот на Скопје,Орце Ѓорѓиевски, го прогласи главниот…