По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот
По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина.
– Мислам дека има добри шанси утре за постигнување договор, рече Трамп во телефонско интервју за американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“.
Тој рече дека им дал амнестија на иранските преговарачи за да се осигури дека разговорите можат да продолжат. Тврди дека Вашингтон е во контакт со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф.
Од Иран засега нема коментар за тврдењето на американскиот претседател дека „има добри шанси за договор“.
Трамп претходно денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот.
– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По острите закани кон Иран, Трамп сега…
По острите закани што ги упати вчера…
Нафтата може да скокне до 150 долари:…
Американската инвестициска банка JPMorgan Chase предупредува дека…
Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“
Иранските вооружени сили уништија уште еден американски…
Тасним: Неколку американски војници загинаа во спасувачка…
Неколку американски војници загинаа за време на…
(Видео) Јованиќ oткри нови детали за експлозивот…
Шефот на Агенцијата за воена безбедност (ВБА),…