ПО ПОВОД 29 НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА: Апасиев и Крмов го посетија вечниот дом на Јосип Броз Тито

t

„По повод Денот на Републиката, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори – Јосип Броз Тито, под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во војната и Револуцијата. Македонците и антифашистичката идеја победија“, соопшти Левица.

„Македонците и антифашистичката идеја победија! Победија заедно со сите братски југословенски народи, за на 29-ти ноември 1943 година на Второто заседание на АВНОЈ, партизаните ја прогласат прогресивната југословенска работничка држава, во која македонскиот народ за прв пат, национално ослободен и класно рамноправен со останатите југословенски братски народи, ќе го забележи своето историско место и цивилизациско право за градење на сопствена држава, без отчет кон туѓи интереси.

Татковината на нашите предци и на нашето потомство – Македонија, во која македонскиот народ ја создава својата судбина, повторно е втурната во виорот на мрачните сили, кои водат кон расчеречување и враќање во одамна надминатото време и пред извојуваната слобода.

Под раководство на СДС, деновиве се одвива најцрната кампања против Левица. Истото СДС, чие раководство со потпишувањето на Преспанскиот договор и капитулацијата пред неофашистичките барања на Бугарија го исплука гробот на Јосип Броз Тито и ги згази идеалите на македонските партизани, на НОБ и АСНОМ.

Домашните предавници од врховистичката СДС и балистичката ДУИ, кои имаат една цел – да робуваме и никогаш слободни да не бидеме, оние кои распродадоа сè што имавме, немилосрдно ја напаѓаат Левица бидејќи, поучени од историјата, знаат дека народната идеја за слобода е онаа која неизбежно секогаш победува.

Во духот на македонскиот великан и социјалист, Коста Солев Рацин – Сепак ние ќе победиме.

Да живее Македонија и македонскиот народ – да живее АСНОМ!“, се вели во соопштението на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…