По протокол: На 11 Октомври во Прилеп и Куманово се објавени првите огласи за вработување во администрација

t

Протоколот кој произлезе од францускиот предлог само неколку дена по потпишувањето започна да ги разоткрива првите историски невистини и фалсификати подметнати од клетите комунисти и да ни ги отвора очите за нашата вистинска историја, пишува во најновиот сатиричен текст Иљче од Кооперација.

Така, според новите историски факти што ни ги доставија нашите бугарски пријатели, на 11 Октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово не се кренало никакво востание, туку биле објавени првите огласи за вработување во јавната администрација што предизвикало невидена еуфорија кај локалното население.

– Доста ве лажеа комунистите за првите пушки! Вистината е дека се пукало, ама пукале младите од радост дека ќе можат да дојдат до државна работа, на место на постарите административци, кои си одеа во пензија. А востанија-мостанија, такви работи никогаш немало. Браќа сме или што сме? – изјави бугарскиот европратеник и доставувач на доказите, Ангел Џамбаски.

Тој најави уште историски вистини кои ќе ја шокираат јавноста во Нашата Земја, но за сега не сакаше да открива детали од нашата скриена историја.

Извор: КООПЕРАЦИЈА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прилепскиот градоначалник се поднови со службен…

Скандалите во режија на најслабиот градоначалник во…

Потребни сме ѝ на Марина Гулеска од…

Пријатели, потребни сме и повторно на Марина…

Кумановската болница повторно остана без вода

Кумановската болница повторно остана без вода поради…

Не се вознемирувајте: Минирање денеска во Прилеп…

Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел –…

Во храмот Св. Петка во Прилеп, денеска…

Почитувани прилепчани, Ве известуваме дека утре, сабота,…