По тревогата во Европа, АХВ уверува: спорниот HiPP производ не е увезен

t

По информациите за повлекување на одредени бебешки кашички од брендот HiPP во Австрија и дел од Европа поради сомнежи за контаминација, македонските институции уверуваат дека спорниот производ не е присутен на домашниот пазар.

Агенција за храна и ветеринарство соопшти дека досега нема добиено известување преку европскиот систем за брзо предупредување за небезбедна храна RASFF дека во земјава е дистрибуирана небезбедната бебешка храна која се повлекува во Австрија.

Станува збор за стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на истрага во неколку европски земји, откако беа објавени сомнежи за присуство на отров за глувци. Од АХВ велат дека состојбата се следи внимателно и доколку се појави потреба, институцијата ќе реагира навремено.

Дополнителна потврда дека нема причина за загриженост стигнала и од овластениот дистрибутер на производите на HiPP во земјава, кој писмено ја известил Агенцијата дека конкретниот производ воопшто не е увезуван и не е пласиран на македонскиот пазар.

Случајот предизвика внимание во Европа откако производителот ги повлече спорните теглички од супермаркетите SPAR во Австрија, нагласувајќи дека повлекувањето е превентивно и дека контаминацијата, според нивните информации, не потекнува од производствениот процес, туку е поврзана со кривично дело што е предмет на истрага.

Во меѓувреме, продавници во Словачка и Чешка презедоа дополнителни мерки и ги повлекоа сите теглички од овој тип од продажба, додека локалните власти објавија и предупредувања за препознавање на сомнителните производи.

Од HiPP Македонија дополнително посочуваат дека производот со морков и компир воопшто не се продава кај нас и нагласуваат дека останатите производи од брендот што се достапни на домашниот пазар подлежат на редовни контроли при увоз и се безбедни за употреба.

Засега, пораката од надлежните е дека спорната серија не стигнала до македонските потрошувачи, а институциите остануваат во координација со европските системи за безбедност на храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По тревогата во Европа, АХВ уверува: спорниот…

По информациите за повлекување на одредени бебешки…

Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Просечната нето-плата во февруари годинава е 46.159…

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Скопјанка возеше велосипед на кеј ја нападна…

Скопјанката Ирена Нелковски, на социјалната мрежа „Фејсбук“…

Зеленски би се сретнал со Путин, но…

Киев би се согласил на средба меѓу…