По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
Пратениците денеска ќе заседаваат на 106-тата собраниска седница, на која меѓу точките од дневниот ред е и расправата по интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Барањето за интерпелација е поднесено од пратеничката група на Левица, која смета дека министерот сноси политичка одговорност за повеќе прашања поврзани со работата на Министерството за внатрешни работи.
Во образложението, пратениците наведуваат низа забелешки, меѓу кои и обвинувања за политизирање на полициските структури, селективно постапување на органите на редот и злоупотреба на службените овластувања. Тие посочуваат и на, според нив, пропусти во безбедносниот систем кои придонеле за трагичните настани во Кочани, како и на недоволно ефикасно постапување во случаи на семејно, родово и врсничко насилство, како и при говор на омраза.
Опозицијата дополнително тврди дека полицијата применувала различни критериуми во слични ситуации, што, според нив, довело до нееднаков третман на граѓаните.
Ова не е првпат работата на Тошковски да биде предмет на интерпелација во Собранието. Станува збор за трета ваква иницијатива против него, при што две се поднесени од Левица, а една од Демократска унија за интеграција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
Пратениците денеска ќе заседаваат на 106-тата собраниска…
Сенатот го повикува Трамп да се повлече…
Американскиот Сенат вчера го поддржа законодавството со…
Денес се празнува Светиот апостол Вартоломеј
Еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Денес ќе се задржи нестабилно време со…
Рубио: САД ќе преговараат директно со Либан,…
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека…