Објавено на:

По 18 дена Мартин никаде го нема: Пребарано речиси целото Егејско крајбрежје

t

Мартин Јовановски исчезна пред 18 дена од плажата Мити во Посиди, на Халкидики, но ниту грчките служби, ниту пак волонтерите од Македонија не се откажуваат од потрагата по него.

-Површината со плаво е помината од Грчките служби. Површината со црвено е помината самостојно од нашата екипа, секое крајбрежје што не е проодно е поминато детално од наша страна. Истрагата продолжува од двете страни. Крајбрежната стража секојдневно ги информира пловните возила и рибарите, ОФКАТ продолжува со нивниот план, и ние со нашиот, стои во објавата на Фејсбук групата „Сите за Мартин“, напишана од неговиот пријател Иван кој беше спасен по 19 часа поминати во вода.

Претходните денови грчките служби го бараа 31-годишниот Мартин и кон турскиот брег на Егејското Море откако со бродови, дронови, кучиња трагачи беше пребарувано околу полуостровот Халкидики, посебно првиот крак Касандра. Од воздух е пребаран и делот кај Лезбос, Самос и Атос.

Со подводен дрон се пребаруваше и морското дно, но немаше никакви траги од исчезнатото момче. Неговиот брат и мајка се на Халкидики во исчекување на било какви информации за него. Неговите другари Васил и Иван беа извлечени уште викендот откако роденденската забава на опасната плажа Мити тргна на лошо, и трите момчиња од Скопје беа одвлечени од копното кон немирното море.

-На 23 јули, потрагата продолжи од воздух со вклучување на Солунскиот аероклуб, соопшти грчката крајбрежна служба ОФКАТ на својата Фејсбук страница.

Мала надеж дека Мартин ќе биде пронајден дадоа црни шорцеви, слични на неговите што ги носел дента кога исчезна, но од нив остана само фотографијата, зошто тој што ги фотографирал, не ги зел, а при пребарувањето на тој терен минатата недела, не беа пронајдени.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЕЖЕЊЕ! Пробајте да не заплачете! Местрална…

Владата може да потпишува што сака, Македонците…

Мицотакис: Грција е извозник на енергетската безбедност…

Енергетските соработки во регионот, односно гасоводот ТАП,…

Настава на македонски јазик, враќање на македонските…

Центарот за македонски јазик во Грција денеска…

(Документи) Центарот за македонски јазик во Грција…

После долго време Македонците, особено Македонците од…

Македонец уапсен во Софија! Определен му е…

Македонски државјанин е уапсен и обвинет откако…