Правда ги прибира документите за можна екстрадиција на Груевски

t

Во Министерството за правда велат дека ја почнале постапката за прибирање на потребните списи за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски за, по нивна анализа, евентуално да се поднесе барање за негова екстрадиција од Унгарија.

Македонија досега поднела едно барање за екстрадиција на Груевски во 2018 година, како и дополнување на барањето во 2019 година, но Будимпешта го одби со образложение дека на Груевски му е одобрен азил, а согласно унгарските закони, човек кој добил азил во Унгарија, не може да биде екстрадиран во државата од која избегал.

По падот на Виктор Орбан од власт во Унгарија, победникот на изборите Петер Маѓар навести можност за укинување на азилот на Груевски, со што се отвораат вратите и за евентуална екстрадиција.

Опозицијата инсистира македонските власти да не одолговлекуваат.

„По најновата изјава на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека Унгарија повеќе нема да биде оаза за пребегнати криминалци, сакам да упатам директна порака до Министерството за правда – без одолговлекување, веднаш да се пристапи кон барање за враќање на Груевски онаму каде што го направи криминалот, а тоа е Македонија“, изјави Андреј Жерновски од СДСМ.

Сепак, и покрај најавите од Маѓар, постапката за одземање на правото на азил и можната екстрадиција од Унгарија е сложена.

Груевски доби азил врз база на проценка дека бил жртва на политички прогон и оти безбедноста во земјава му била загрозена. Азилот може да му се укине само ако се процени дека веќе не постои ризик за безбедноста или од политички прогон.

Азилот може да му го укине Генералниот директорат за странци кој е под унгарското Министерство за внатрешни работи, но тој потоа има право на жалба пред унгарските судови.

Досегашните искуства покажуваат дека кај самите екстрадиции, дури и кога нема политички заштита, постапките траат со месеци, додека не се исцрпат сите рокови за жалби. Најсвеж пример е екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција во мај 2024 година, осуден за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Од апсењето во Турција до екстрадицијата во Македонија поминаа повеќе од пет месеци, што се смета за брза екстрадиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правда ги прибира документите за можна екстрадиција…

Во Министерството за правда велат дека ја…

Дали горивата ќе поевтинат или не? Владата…

Владата најавува ново намалување на цените на…

Трамп: Му реков на Џинпинг да не…

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за…

Ванг Ји разговараше со Арагчи: Кина го…

На 15 април 2026 година, член на…

Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштети…

Во текот на 2025 година, Град Скопје…