Правосуден испит на албански јазик: ДУИ го обвинува Министерството за правда – Рокас: Да се реши со дијалог, без политизација
Опозициската ДУИ го обвинува Министерството за правда за кривични прекршоци за злоупотреба на положбата и службените овластувања, во врска со одбивањето да се дозволи полагање на правен испит на албански јазик. Канита Рамадани од оваа партија рече дека законот е јасен и неговото попречување има правни последици. Според познавачите, попречувањето на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Министерството за правда и одговорните лица претставува основа за кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување.
„Бараме од Инспекторатот за употреба на јазиците веднаш да утврди прекршоци и да покрене постапка за прекршоци против Министерството за правда и одговорните лица. Бараме од Јавното обвинителство да процени постоење на елементи за кривично гонење за злоупотреба на службена положба, неизвршување службени должности и поттикнување меѓуетничка нетрпеливост. Бараме лична одговорност од министерот за правда за секоја одлука или непостапување што го попречува спроведувањето на законот“, рече Канита Рамадани.
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека тоа треба да се реши со сеопфатен дијалог со заинтересираните страни и да не се политизира.
„Свесни сме за ова прашање, кое во последните денови имаше голем јавен одзив. Секако, Уставот и националното законодавство мора да се почитуваат и кога ќе се појават вакви прашања, од суштинско значење е да се развие инклузивен дијалог со сите заинтересирани страни, на умерен и, доколку е можно, неполитизиран начин“, вели Михалис Рокас.
Премиерот Мицкоски вчера ја повлече изјавата дадена пред неколку дена во врска со можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Вчера рече дека испитот може да се одржи и на друг јазик, само ако се донесе закон за ова, бидејќи сегашниот закон не го дозволува тоа. После тоа, премиерот нагласи дека законот ќе биде испратен до Венецијанската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правосуден испит на албански јазик: ДУИ го…
Опозициската ДУИ го обвинува Министерството за правда…
Зошто Америка го затвори воздушниот простор над…
Американските федерални власти ненадејно воведоа привремена забрана…
(Видео) Масовна тепачка во турскиот парламент: летаа…
Во турскиот парламент денеска изби масовна тепачка…
Скај њуз: Документите на ФБИ сугерираат дека…
Новооткриен документ на ФБИ сугерира дека американскиот…
Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во…
Продолжи и денес судењето за ,,Онкологија” во…