Првпат по војната на Блискиот Исток — Јапонија увезува руска нафта
Јапонија ќе увезува сурова нафта произведена во Русија за првпат по февруарските американско-израелски напади врз Иран, што доведоа до фактичко затворање на Ормутскиот теснец, објави функционер од Министерството за економија, трговија и индустрија на Јапонија, пишуваат светските медиуми.
Нафтата потекнува од проектот „Сахалин-2“ на рускиот Далечен Исток, а пратката ја купи јапонската компанија „Таиџо ои“л. Танкерот за нафта исплови кон крајот на април и се очекува да пристигне во префектурата Ехиме во западна Јапонија, објави новинската агенција Кјодо.
Овој потег доаѓа во време кога Јапонија, која е во голема мера зависна од увозот на енергија од Блискиот Исток, се стреми да ги диверзифицира своите извори на снабдување поради нарушувања на глобалниот пазар.
Проектот „Сахалин-2“ го води рускиот енергетски гигант Газпром, со учество на јапонските компании Мицубиши Корпорејшн и Мицуи и Ко како значајни партнери.
Според јапонските власти, оваа испорака не е предмет на санкциите што САД и европските земји ги воведоа врз Русија по почетокот на војната во Украина во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првпат по војната на Блискиот Исток —…
Јапонија ќе увезува сурова нафта произведена во…
Трамп ја спореди американската морнарица со пирати
За време на предизборен митинг во Флорида,…
Украинска војска: Околу 50 обиди за руски…
Генералштабот на украинската војска попладнево соопшти дека…
Шокантно интервју со тврдења за предавство и…
Потесниот круг на Владимир Путин потајно го…
Нов историски успех за Македон Димитровски, два…
Нашата македонска гордост, Македон Димитровски, повторно не…