Прв смртен случај од Омикрон

t

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од 6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – „Омикрон“.

Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат 524 лица, од кои 55 на интензивна нега.

Новите мерки во таа австралиска држава стапија на сила денеска, вклучувајќи ограничувања за едно лице на два метри квадратни во баровите и рестораните и задолжителна проверка на вакцинираните лица и нивните кодови во угостителскиот сектор.

Државата Викторија денеска пријави 1.999 новозаразени и три смртни случаи. Шефот на штабот за Ковид во таа држава воведе случајно геномско тестирање за сојот Омикрон со цел подобро да се разбере ширењето на инфекцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ препорачува вакцинација против Омикрон за ризичните…

Здравствените власти на Европска Унија препорачаа вакцината против Омикрон…

Американската ФДА одобри нова вакцина против Ковид-19,…

Американската Агенција за заштита од заразни болести…

Откриена нова подваријанта на Омикрон во Албанија:…

Албанскиот  Институт за јавно здравје официјално потврди…

Пак јаделе лилјаци? Нова подваријанта на Омикрон…

Во Шангај е регистриран случај на инфекција…

Д-р Даниловски: Омикрон ќе стане ендемски вирус…

Професорот и епидемиолог Драган Даниловски смета дека…