Објавено на:

Преговорите пропаднаа во целост: Украина не се откажува од членството во НАТО

t

Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук изјави дека Украина нема да ги менува постојните точки во нејзиниот устав за намерата таа земја да се приклучи на НАТО.

Во март, Стефанчук за украинскиот телевизиски канал „1 + 1“ изјави дека не ја исклучува можноста за измена на Уставот на Украина во врска со намерата на земјата да се приклучи на НАТО.

„Нема да го направиме тоа. „Промената на Уставот не е и никогаш нема да биде цел сама по себе“, изјави Стефанчук во интервју за весникот „Украинска правда“, одговарајќи на прашањето дали точката за влез во НАТО ќе биде отстранета од Уставот на Украина.

Претходно шефот на руската делегација во преговорите со Киев, Владимир Медински изјави дека Украина се согласила со принципиелните барања на Русија да не влезе во НАТО и да одбие распоредување на странски воени бази на нејзина територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за Груби: Не избега, ќе се…

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али…

Јован Деспотовски: Со сопствен пример ќе докажам…

Поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, вели…

ОЈО ГОКК ќе ја испитува секоја индиција…

Во рамките на предметот под кодно име…

Ким Јонг Ун им забранил на жените…

Каков е животот во Северна Кореја, ќе…

19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско

19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско.…