Објавено на:

Предупредување за бура во Британија: Службите го вклучија црвениот аларм

t

Британската метеоролошка служба денеска издаде ретко црвено предупредување за областа на Лондон и југоисточна Англија поради силните ветрови што ги донесе бурата „Еунис“, а на милиони луѓе ширум земјата им беше кажано да останат дома.


Во предупредувањето се наведува дека постои опасност по животот и дека се очекуваат значителни нарушувања поради едно од најтешките бури што ќе го погоди Обединетото Кралство во последните неколку децении.


Бурата „Еунис“ денеска ќе предизвика значителни нарушувања и опасни услови поради екстремно силните ветрови“, соопшти метеоролошката служба.
Стотици училишта ќе бидат затворени, сите возови во Велс се суспендирани, а армијата е во подготвеност.


Синоптичарите предупредуваат дека бурата „Еунис“ денеска би можела да донесе налети на ветер до 145 километри на час, што би предизвикало значителни нарушувања и прекини на електричната енергија.


Црвените временски предупредувања се ретки и значат дека покривите би можеле да бидат однесени, да се урнат далноводи и да се искорнат дрвјата и дека летечкиот отпад може да биде опасен по живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британското МНР: Никаква опрема – Мобилизираните Руси…

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот…

Украина воведе нов систем на предупредувања: Различни…

Украина воведе нов систем за предупредување. Во…

Метео предупредување: Пороен дожд со грмежи и…

До крајот на денот времето ќе биде…

За влез во државата се чека околу…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…