Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си, дома да си: Обичаи и верувања за големиот православен празник

t

Утре е Бадник, голем православен празник кој се слави во предвечерието на Христовото раѓање.

Познатата поговорка вели: Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си, дома да си!. Ова ја означува симболиката на празнувањето, целото семејство да биде заедно. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.

Традицијата налага семејството на Бадник да се собере на заедничка вечера на богата, но посна трпеза. Обичај е најмалиот во семејството со погача да затропа на врата и на прашањето кој е, да каже “Дојде Бадник на вечера” или се отвора прозорот и домаќинот ги кажува зборовите “Дедо Боже дојди да вечераме”. Во погачата се става паричка, таа се крши и се смета дека тој што ќе го најде паричето, ќе има среќа цела година. Обичај е по вечерата, трпезата да не се крева. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се бдее до полноќ, да се дочека Христовото раѓање.

На бадниковата трпеза која е посна треба да има лепче со паричка која се смета дека носи здравје и среќа за целата година. Треба да има и посно гравче, посна сарма, суви пиперки, туршија, печена тиква, компот, варена пченица.
Ставете на трпезата и бадникови гранчиња, жито, свеќи, овошје и суво овошје. Се верува дека колку побогата е трпезата, толку побогата ќе биде годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку илјади деца учествуваа на бадниковите поворки…

Неколку илјади деца во повеќе градови денеска…

Пример за човештво! Муфтијата кој на Бадник…

На денешен ден, пред 83 години, во…

Македонски Бадник со ирански урми, српски сливи,…

Зелените пазари зовреа пред Бадник и Божиќ,…

Koе e значењето на бадниковата паричка?

Бадник, кој се прославува ден пред Божиќ,…

Денес е Бадник – Да се помолиме…

Бадник или Коледе — денот пред роденденот…