Пред нас ќе влезат: Косово во следниве две недели ќе поднесе барање за членство во Европската унија

t

Владата на Косово во следните две недели ќе поднесе барање за членство во ЕУ, потврди косовскиот премиер Аљбин Курти.

На самитот на лидерите на партиите членки на Европските социјалдемократи, Курти го најави овој чекор и побара поддршка од оваа политичка групација.

„Овој месец, пред Божиќ, Косово ќе поднесе барање за членство во Европската унија“, рече Курти.

Тој побара од европските лидери „да размислуваат надвор од сегашните координати за напредок“ и изјави дека на Западен Балкан му е потребна конкретна поддршка и конкретни датуми – што ќе се случи во која година. Според него, ова е начин да се задржат сите земји на европскиот пат и што поскоро да се приклучат кон ЕУ.

„Потребен ни е забрзан процес на проширување. Досега зборувавме за европска перспектива или проширување, но ни треба членство во ЕУ. Ништо друго веќе не е доволно. Тешко е да се мобилизираат луѓе и да се одржи оптимизмот и ентузијазмот ако немаме временска рамка“, рече Курти.

Тој смета дека решението лежи во постепеното приклучување на регионот на ЕУ, пред се во економската интеграција, по моделот на Европската економска заедница, „некаков регионален пазар или договор за слободна трговија во Југоисточна Европа“.

„Важно е да има плима на Западен Балкан што ќе ги подигне сите бродови во исто време“, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагично загина руски политичар, проверувал дали пиштолот…

46-годишниот Павел Избрехт, извршен директор на фабрика…

„Тетово сака парк“: Државно земјиште е продадено…

Иницијативата „Тетово сака парк” потсетува дека нејзините…

Цуцуловски за случајот со обезбедувањето на Мицкоски:…

*Објава на Фејсбук на професорот Љубомир Цуцуловски:…

Општина Кочани распиша огласи за вработување на…

Општина Кочани распиша оглас за вработување на…

Гевгеличанец измамил жена во Скопје, ѝ кажал…

Жител на Гевгелија измамил жена лажејќи ја…