Преку демократски механизми ќе настојуваат да се почитува волјата на народот, не исклучуваат протести наесен – ЦП на ДУИ на состанок во Мала Речица

t

Ќе ги искористат сите демократски механизми, а не е исклучена и можноста за одржување на протести. Ова е одговорот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на изјавите на премиерот и министерот за внатрешни работи, дека раководството на партијата подготвува дестабилизација на земјата на есен.

Велат дека ќе настојуваат да се почитува волјата на граѓаните, но и владата да го почитува етничкиот легитимитет, без да наведат конкретни мерки кои планираат да ги преземат.

Од ДУИ додаваат дека за таа цел ќе се консултираат со членството, со домашни, но и странски експерти, а го ангажирале и авторот на Охридскиот рамковен договор, затоа што, како што велат, договорот за внатрешното уредување на малцинските права во земјава различно се толкува, а поради тоа се доведени во оваа ситуација.

Предлогот за ветинг на сите функционери, во изминатите 30 години, беше тема и на денешниот состанок на Централното претседателство на партијата, а на дневен ред е ставена и годишнината од Охридскиот рамковен роговор и нејзино одблежување.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, денес порачаа дека доаѓа време за одговори и одговорност и дека ниеден обид за дестабилизација на демократијата нема да успее. Портпаролката Марија Митева рече дека двете најголеми опозициски партии пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски им се извини на жителите на…

Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но…

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на…

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество…

ВМРО-НП: Македонија да се вклучи во транснационални…

ВМРО-Народна партија со внимание ги следи случувањата…

Филипче: Партизацијата на ВМРО има епидемиски размери

Во изминатите шест месеци, партизацијата добива епидемиски…

Скопјанец со возило поминал преку ногата на…

Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје…