Премиер Албанец ќе стане премиерка Албанка? Груби: Претпочитам техничката Влада да ја предводи дама

t

Трагедија тоа што ВМРО-ДПМНЕ не сака „пржинска влада“ и смета дека тоа е навестување што ќе се случува ако победи ВМРО-ДПМНЕ во што не верувам, истакна првиот вице-премиер Артан Груби.

– Првиот Албанец премиер не беше условен со „пржинската влада“, туку поранешниот премиер Заев рече дека ќе се повлече од неговата позиција пред изборите за да овозможи фер политичка кампања. Пржинската влада е договор, а непочитувањето договори, политичките партии ги чинат мандати. И јас би предложил укинување техничка влада, но тоа да почне да важи од следниот мандат и да продолжиме како сите нормални демократии – вели Груби.

Тој вели дека ќе има премиер Албанец и нема ништо лошо да ѝ се случи на државата со тоа. Според Груби, тоа ќе е показател дека сите граѓани се еднакви и рамноправни во државата.
Груби вели дека точно знаат кој ќе биде премиерот Албанец, но дека ќе остави тоа да го најави лидерот на партијата Али Ахмети, по разговорите со коалициските партнери со кои треба да се договори и начинот на кој ќе настапат на следните избори. Тој претпочита техничката влада да ја предводи дама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…