ПРЕСВРТ во случајот со уапсената Македонка која прегази куче во Црна Гора: Сашка С. тврди дека постапила во обид да ги заштити своето куче и своите деца

t

Случајот што ја потресе јавноста предизвика лавина од реакции и поделени мислења. Според информациите што се споделуваат на социјалните мрежи, жената тврди дека постапила во обид да ги заштити своето куче и своите деца, додека други сметаат дека ваквиот чин не може да се оправда.

ADVERTISING

Околностите под кои се случил настанот сè уште се предмет на јавни расправи и важно е надлежните институции да ги утврдат сите факти пред да се донесе конечен заклучок.

Во објава на социјалните мрежи се тврди дека кучето ѝ влегло во сместувањето на самохраната мајка со две деца, го убило нејзиното куче, по што македонската државјанка се одлучила на ваков чекор.

-На видеото на крај се гледа нејзиното мртво куче, по што Албанците се собираат и ѝ се закануваат на нејзе и на децата, се вели во објавата.

Македонската држвајанка Сашка С. (46) е уапсена додека се обидувала да избега од Црна Гора, откако претходно намерно прегазила куче со својот автомобил, неофицијално за „Вијести“ изјавија од Полициската управа. Тие објаснија дека Одделот за безбедност на Улцињ денес бил информиран дека едно лице со возило го прегазило кучето на сопственикот.

„Полицијата го пронајде возилото и го идентификуваше женското лице кое го управуваше возилото, државјанка на Македонија“, соопшти полициската управа. „Таа се обиде да ја напушти земјата, но ние ја спречивме“, изјавија од институцијата за „Вијести“.

Полициската управа вечерва официјално објави дека полицијата во Улцињ, преземајќи координирани мерки и дејствија, брзо ја идентификувала, пронашла и, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ, ја уапсила С.С. (46), државјанка на Македонија, која денес во Улцињ со возило прегазила куче и го убила.

„По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на нашата земја, но полицијата ја спречила во тоа“, се вели во соопштението.

Дежурната служба на Одделот за безбедност Улцињ, како што велат, денес околу 15:15 часот била известена од сопственикот на мртвото куче дека претходно непознато лице, управувајќи бел „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, намерно го прегазило кучето на улицата и го убило.

Веднаш била започната потрага по лицето, а околу 16:40 часот било пронајдено и запрено на заедничкиот граничен премин „Сукобин – Муриќани“, во обид да ја напушти Црна Горњ.

– Потоа С.С. беше донесена во полициските простории, каде што беше спроведена кривична истрага. За ова беше известен државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ, кое констатира дека настанот содржи суштински елементи на кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште и нареди С.С. да биде лишена од слобода“, се вели во соопштението.

На лице место е спроведена истрага. Осомничената ќе биде приведена во надлежното државно обвинителство во рокот предвиден со закон, поради сомнение дека го сторила претходно наведеното кривично дело.

Неофицијално, на социјалните мрежи се шпекулира дека уапсената е позната личност низ скопските модни кулоари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРЕСВРТ во случајот со уапсената Македонка која…

Случајот што ја потресе јавноста предизвика лавина…

ЦУК: Три активни пожари на отворено –…

Три активни, еден под контрола и осум…

Велешанец ја нападнал и повредил мајка си,…

На 25.07.2026 во 00:10 часот, полициски службеници…

Дел од паднатите дрвја низ Скопје ќе…

Никој не може точно да каже колку…

Општина Чешиново-Облешево згрижи неколку повредени штркови по…

По силното невреме што неодамна ја зафати…