Претресите од акцијата на ОЈО ГОКК сè уште траат, деталите за криминалот со даночно затајување ќе бидат соопштени утре
Претресите во рамките на акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) насочена кон лица кои, меѓу другото, се осомничени за даночно измама и даночно затајување од поголеми размери, сè уште се во тек.
Поради ова, како што доцна вечерва информираа од Обвинителството, деталите за акцијата ќе бидат соопштени утре.
Претходно попладнево од ОЈО ГОКК информираа дека нивните истражители заедно со полициски службеници вршат претреси на повеќе локации низ државата.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации во државата“, рекоа до Обвинителството.
Како што наведоа оттаму, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, објавија дека меѓу приведените се и вработени во Управата за јавни приходи (УЈП).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претресите од акцијата на ОЈО ГОКК сè…
Претресите во рамките на акцијата на Основното…
Вечерва земјотрес во близина на Охридското езеро,…
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според…
Таравари за ВЛЕН: Нестабилен проект! „БЕСА ќе…
„Рекоа дека веднаш ќе го решиме, не…
Звучни топови во Србија: тестови врз кучиња…
Документи од српски институции, до кои дошол…
Нов инцидент со Службата за имиграција во…
Федерален агент во Минеаполис пукал во ногата…