Објавено на:

Претреси во Гостивар,пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода три лица

t

На 08.05.2026 во периодот од 14:30 до 19:00 часот во Гостивар и гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.А.(24) и Д.Ш. (24) во Гостивар и Л.Г.(20) во с.Долна Бањица, гостиварско.

При преглед кај лицето Е.А. е пронајден и одземен мобилен телефон и предмети со остатоци од наркотична дрога.

Врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници извршиле претрес во домот и помошните простории кај Д.Ш.. При претресот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.

Исто така, претрес со судска наредба бил извршен и во домот на Л.Г. во с.Долна Бањица. При претресот биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана и малокалибарска пушка со рамка од четири куршуми.

Тројцата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следи соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

79 годишен скопјанец допирал по телото малолетна…

МВР информира дека доцна синоќа во 23:00…

Пензионер украл паричник од друг пензионер во…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Прегазена пензионерка во Скопје

МВР информира дека вчера попладне околу 14:00…

Уапсен беровец кој барал снимка од „Безбеден…

На 06.05.2026 во 11:10 часот во Скопје,…