Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција!

t

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и муниција, лишено од слобода едно лице, информираат од МВР.

На 21.04.2026 во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Х.(51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и…

Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и…

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и насади…

На 20.04.2026 во Скопје, на подрачје на…

Николоски: Аеродромите во Скопје и Охрид лидери…

Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот,…

Претрес во кичевско, пронајдени оружје и муниција

На 16.04.2026 во 16:15 часот во с.Горно…

Охриѓанец пијан удрил пешак и избегал, па…

Лишен од слобода возач од охридско, удрил…