Објавено на:

Претседателката на Европскиот парламент во посета на Киев: Инвазијата на Путин е криминална – ја поддржуваме Украина

t

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска во Киев изјави дека Европејците се со Украина и ќе помогнат во обновата на градовите по завршувањето на војната со Русија.

Роберта Мецола, која е претседателка на Европскиот парламент од јануари, рече дека институцијата ќе ги поддржи напорите на Украина да го започне процесот за пристапување во Европската унија.

– Ве молам, верувајте ми кога велам дека Европскиот парламент, Европската унија и европските граѓани се со Украина. Затоа сум овде денеска, бидејќи сме со вас, рече таа по пристигнувањето во главниот град Киев.

Мецола и вети три работи на Украина.

-Прво, криминалната инвазија на претседателот Владимир Путин на Украина ја доведува Русија во директна конфронтација со Европа, меѓународната заедница и светскиот поредок заснован на правила. Ова не е нешто што ќе му дозволиме да го направи без отпор, изјави таа.

-Второ, Европската унија ги препознава вашите европски амбиции и вашите аспирации да бидете земја кандидат. И можете да сметате на целосната поддршка од Европскиот парламент во постигнувањето на оваа цел, додаде таа.

-Трето, ќе ви помогнеме да ги обновите вашите градови и места кога ќе заврши оваа незаконска, неиспровоцирана и непотребна војна. Ние веќе обезбедивме финансиска, воена и хуманитарна помош. Тоа ќе продолжи и ќе се зголемува, рече Мецола на заедничкиот брифинг со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада, украинскиот парламент.

Стефанчук рече дека разговарал за дополнителни меѓународни санкции против Русија, хуманитарна и воена помош за Украина и процедурите за пристапување во ЕУ.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…

Трамп му вети на Зеленски дека ќе…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во…