Претседателката Сиљановска заигра оро на Галичка свадба

t

Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

-На овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски им го честитав бракот и во својство на покровителка им подарив галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија, којашто е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.

Им посакав заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа.

Од година во година, манифестацијата привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет, напиша претседателката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Галичка свадба: Денеска во Галичник се венчаваат…

Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска…

Се омажи Теа Таировиќ: Еве зошто се…

Познатата пејачка Теа Таировиќ завчера се омажи…

Две малолетнички се степале на свадба во…

На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР…

„Српска крвава свадба“: Младоженец со пушка ранил…

Младоженец од српското гратче Тител, во Војводина,…