Претседателот на бугарската Антиkopyпциска комисија поднесе оставka

t

Директорот на бугарската агенција за борба против корупцијата Сотир Цацаров поднесе оставка бидејќи новата бугарска центристичка влада бара законски измени за да започне борба против широко распространетата корупција, изјави денеска портпаролот на бугарскиот парламент.

Бугарија е рангирана како најкорумпирана земја-членка на Европската Унија според Транспаренси Интернешнл.

Коалициската влада предводена од премиерот Кирил Петков, кој ја презеде функцијата минатиот месец ветувајќи нулта толеранција за корупцијата, планира да ја ревидира агенцијата како прв чекор кон ставање крај на климата на неказнивост во таа балканска земја.

Аналитичарите велат дека корупцијата на високо ниво е сериозна пречка за амбициите на Бугарија да привлече повеќе странски инвестиции и да се приклучи на Шенген и еврозоната.Цацаров, поранешниот главен обвинител ја презеде Антикорупциска во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…