Приведена кавадарчанка, со остар предмет му нанела повреди на сопругот

t

Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот.

– Денеска во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна кавадарчанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки, кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што додадоа од СВР – Велес, таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведена кавадарчанка, со остар предмет му нанела…

Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по…

Претходниот претседател на МАНУ бара оставка од…

Љупчо Коцарев, претходниот претседател на МАНУ, побара…

Папата Лав: Војната во Украина мора да…

Папата Лав 16-ти изјави дека цивилите во…

Русија инсистира на ослободување на Николас Мадуро

Русија инсистира на ослободување на венецуелскиот претседател…

Левица: НАЧАЛНИК ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ОСИГУРАЛ…

Соопштение на политичката партија Левица: Поранешниот началник…