Приведени новинарски екипи од Македонија и светот затоа што летале дрон на протести – Ваква држава не сум видел во свет, вели вработен во Ројтерс

t

Во моментов во полициска во ПС Центар се наоѓаат седум медиумски работници меѓу кои и новинари од светски реномираната агенција Ројтерс кои биле приведени веднаш по завршувањето на протестот за трагедијата во Кочани на плоштадот во Скопје.

Од извори од полицијата дознаваме дека веднаш по завршувањето на протестот овие седум медиумски работници биле повикани од полицијата да дадат изјава.

Објаснувањето било дека се во станица затоа што оделе во живо со снимки од дрон на Фејсбук од големиот протест на плоштадот во Скопје.

Во моментов според наши информации се пристигнати и инспектори од АНБ кои ги испрашуваат колегите новинари.

Истиот случај е и во Кочани каде што се приведени колеги од бугарската телевизија БТВ исто така поради летање на дрон. Колегата од Ројтерс вели дека вакво нешто нема видено никаде во светот. -Минатата недела летав дрон на фронтот во Украина, претходно со дрон летав во Гренланд каде си следев изборите кои ја одлучуваа иднината на островот, вакво нешто никогаш не ми се случило, вакво нешто немам видено никаде во светот, вели колегата од Ројтерс Објаснувањето од МВР е дека имало забрана за летање на дронови од новинарските екипи во цела Македонија иако истата била официјално објавена неколку часа откако веќе било извршено летањето со дронови и никој од медиумите не бил навремено известен.

Ова следува откако претставниците на власта по големата трагедија во Кочани во низа наврати се закануваа на новинари за сето тоа да ескалира со вчерашната изјава на министерот Панче Тошковски кој посочи дека новинарите кои ќе поставуваат непријатни прашања за власта ќе бидат уапсени.

По ваквото онесување Здружениот на новинари на Македонија објави прирачник за однесување на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…

Првиот на браникот ја дувна: Милорад Додик…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, соопшти…

Го жртвуваше својот за да спаси туѓи…

Павел Христов, роден 2004 година, е уште…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува…