Приведен Грузиец, нудел поткуп на Табановце
Приведен е Грузиец поради нудење поткуп, соопштија од МВР.
На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.
Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
Кај село Табановце запрено возило полно со…
МВР информира дека синоќа околу 20.30 часот…
Приведен косовски државјанин поради нудење поткуп
Денеска (04.10.2024) околу 10.15 часот на Граничен…
Продолжуваат гужвите на „Богородица“ и „Табановце“
И покрај тоа што завршува летната сезона,…
Метеж на „Табановце“, на другите гранични премини…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…