Приведен жител на Росоман: Нападнал лице и упатувал закани кон градоначалникот
Триесет и петгодишен жител на Росоман се соочува со повеќе пријави по серија инциденти што во изминатите денови биле евидентирани од полицијата, а кои вклучуваат агресивно однесување, физички напад и закани упатени преку социјални мрежи.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека И, објави 4news.mk А. бил приведен во раните утрински часови на 31 мај, откако на улица во Росоман го нарушувал јавниот ред и мир. Според полицијата, тој бил во алкохолизирана состојба и не постапувал по наредбите на полициските службеници. При извршеното алкотестирање биле измерени 1,03 промили алкохол во неговата крв.
Покрај тоа, против него е поднесена пријава и за физички напад во угостителски објект, каде што со стаклен предмет повредил 18-годишно лице.
Од МВР додаваат дека на 30 мај со лицето бил извршен службен разговор по пријава поврзана со објави на социјална мрежа. Според пријавеното, во периодот од април годинава тој објавувал содржини насочени кон градоначалникот на Општина Росоман, со што кај него било предизвикано чувство на страв и несигурност.
За двата случаи е известен јавен обвинител, а по нивното целосно расчистување и документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен жител на Росоман: Нападнал лице и…
Триесет и петгодишен жител на Росоман се…
Иранските напади оштетиле најмалку 20 американски бази…
Иран оштетил 20 американски воени бази од…
Водовод Скопје: Последна недела од акцијата за…
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја…
(Видео) Иран објави видео од нападот врз…
По воздушниот напад врз Кувајт рано утрово,…
Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека…
Изјава за медиуми на Венко Филипче, претседател…