Привремени мерки во Детската клиника поради недостаток на медицински сестри
Во ЈЗУ Клиника за детски болести – Скопје има недостиг на медицински сестри, но и покрај тоа ниту еден пациент не се враќа, изјави директорот Реџеп Мемеди на денешното обраќање пред медиумите.
Тој нагласи дека сите оддели на клиниката имаат голема фреквенција на пациенти од целата држава.
Поради недостиг на кадар и неможност да се организира сменска работа и дежурства, како што појасни, привремено е направена фузија на два оддела – Имунологија и Пулмологија А. Одделите не се укинати, туку станува збор за временска организациска мерка.
– Бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела за да обезбедиме доволен број медицински сестри за дежурства – рече Мемеди.
Тој додаде дека, и покрај намалениот капацитет, сите пациенти се примаат, се згрижуваат и се третираат без одбивање.
– Ќе најдеме место за секој пациент. Иако има недостиг на сестри, ниту еден пациент не се враќа – истакна директорот.
Мемеди појасни дека мерката е привремена и има за цел надминување на актуелниот кадровски предизвик во установата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Привремени мерки во Детската клиника поради недостаток…
Во ЈЗУ Клиника за детски болести –…
ДУИ: ВЛЕН за две години ги урива…
Соопштение на ДУИ Демократската унија за интеграција…
Мицкоски: Блиску сме до конечно решение за…
Сите законски решенија коишто се дел од…
Чешка планира да забрани мобилни телефони во…
Чешката влада поднесе закон за забрана на…
САД ги укинаа санкциите кон Иран, Трамп:…
Соединетите Американски Држави одлучија привремено да ги…