Пробиен безбедносниот систем на БКТ, најголемата банка во Албанија, испразнети картичките на голем број клиенти
Голем број клиенти на Национална трговска Банка (БКТ) во Албанија, најголема во земјата, се соочија со непријатно изненадување, бидејќи нивните картички беа мистериозно испразнети.
„Идентификувани се голем број случаи каде што се покажа дека картичките биле користени во различни земји. Во еден случај, се покажа дека граѓанска картичка била користена во Бугарија за купување во износ од илјадници евра. Во друг случај, парите биле украдени во Италија и така натаму, објави весникот „Капитали“.
По оваа информација, „Капитали“ официјално контактирал со БКТ за да дознае што се случило.
„Банката призна дека картичките биле клонирани од банкомат во Тирана, каде што сторителите на кражбата инсталирале камера. БКТ вели дека овој феномен траел само еден час, а потоа безбедносниот пропуст бил откриен од страна на нејзините вработени, па според банката, бројот на картички што биле клонирани е мал. Во меѓувреме, БКТ најавува и дека граѓаните кои биле жртви на кражбата ќе бидат целосно обесштетени, објави весникот „Капитали“.
Се наведува дека „Капитал не беше во можност независно да го потврди обемот на овој феномен, но фактот дека беше во можност да идентификува неколку случаи за кратко време, укажува дека феноменот може да биде поголем отколку што самата банка признава“.
„Нарушувањето на безбедноста во најголемата банка во земјата е загрижувачко, што уште еднаш ја наложува потребата од масовни инвестиции во сајбер безбедноста од страна на банкарскиот сектор, особено во ерата на дигитализација, заклучува „Капитали“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пробиен безбедносниот систем на БКТ, најголемата банка…
Голем број клиенти на Национална трговска Банка…
Помошта доаѓа, кажа Трамп и ги повика…
Доналд Трамп ги повика Иранците да продолжат…
Трамп: Доаѓа денот на пресметка и одмазда
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Алиу: Половина од населението зависно од цигари,…
Министерот за здравство Азир Алиу тврди дека…
Обвинителството поведе постапка против лице осомничено дека…
Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка…