Проверете 100 пати пред да го изберете вашиот лекap: Млада тетовчанка pacкажува за xopopoт кој го пpeживеала во oзоглaceната тетовска бoлница – и ја извадиле маткaтa бидејќи ја лekyвале со чај од pyзмарин

t

Млада тетовчанка преживеала вистиснски хорор во како што вели озогласената тетовска болница.

Дона Неделковска која и самата е студент по медицина, односно стоматологија раскажува за голготата која ја преживеала при својот прв пороѓај кој што се одвивал со царски рез.


Како што тврди таа поради нестручноста на кадрите во болницата таа останала без својата матка изгубила литри крв и за малку и самата не го загубила својот живот.

-Мојата приказна.

1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово.

Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи.

Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го допрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав “ајде веќе затворај ја не крвари веќе”.

Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам.

Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа “од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС ( да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине ).

Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази.

Четврти ден. Ситуацијата уште полоша. Молам за помош и конечно некој се смилува да викнат некој постручен и да ми стават назогастрчна сонда ( црево од нос во желудник ) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат. Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген – со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје.

Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо.

Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав.
Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите “ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”?

5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција.

Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА.

Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка.

Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна.

Бебето за прв пат си го видов после 12 дена, излегов од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можев да се движам сама, не можев да се бањам сама, не можев ништо, ама помина.

Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене.
Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума.
И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проверете 100 пати пред да го изберете…

Млада тетовчанка преживеала вистиснски хорор во како…