Проданоски: Палењето на знамето на Општина Прилеп е напад врз достоинството и вредностите на градот
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите на градот.
Во својата реакција, Проданоски истакна дека знамето на Општината претставува симбол на историјата, достоинството и единството на сите прилепчани и дека секој напад врз него е напад врз заедницата.
Тој нагласи дека е особено загрижувачки што, според информациите, сторителот е странски државјанин, кој, како што посочи, е должен да ги почитува законите, симболите и достоинството на средината во која престојува.
Проданоски упати благодарност до припадниците на Министерството за внатрешни работи за, како што наведе, брзата и ефикасна реакција, при што сторителот бил приведен.
Воедно, градоначалникот апелираше до граѓаните да продолжат да ги почитуваат и чуваат симболите на Прилеп и да не дозволат поединечни неодговорни постапки да го нарушат мирот, меѓусебната почит и достоинството на градот.
„Прилеп останува град на достоинствени, чесни и одговорни луѓе, кои знаат да ги штитат своите вредности“, порача Проданоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проданоски: Палењето на знамето на Општина Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро…
Новинари на „Њујорк тајмс“ добија судски покани…
Неколку новинари на „Њујорк тајмс“ добија судски…
Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно
Платформата SkiMacedonia информираше дека на планината Водно…
Зеленски формира посебна команда за длабоки напади…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави…
(Видео) Украинците масовно гаѓаат руски танкери –…
Чак Пфарер, американски воен аналитичар и соработник…