Продолжен е притвopoт на поранешниот командант на УЧК

t

Специјализираниот совет на Косово, со седиште во Хаг, му го продолжи притворот на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (УЧК), Салих Мустафа, обвинет за злосторства врз албанските цивили нелојални на ОВК во април 1999 година.
Притворот му е продолжен поради опасност од бегство и страв дека ќе ја попречи судската постапка доколку биде пуштен на слобода.
Мустафа е во притвор во Хаг од септември 2020 година, а неговото судење започна во септември минатата година.
Во досегашниот тек на судењето, Мустафа се изјасни за невин, а сведоците кои беа сослушани досега сведочеа против него, тврдејќи дека тој бил шеф на логорот на имотот во селото Злаш, каде што луѓето биле мачени и тепани речиси секој ден и се чуваат во плевни.
Мустафа се товари за индивидуална кривична одговорност и кривична одговорност како претпоставен службеник за кривични дела извршени од 1 до 19 април 1999 година од одредени членови на т.н. ОВК против лица приведени на имот во Злаш кој служел како затвор.
Тој е обвинет за четири точки за воени злосторства: произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства. Во обвинението се тврди дека тој е одговорен за споменатите кривични дела извршени над најмалку шест лица, јави Танјуг.

Во обвинението се наведува дека еден затвореник бил убиен на таа локација помеѓу приближно 19 април 1999 година и крајот на април 1999 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исмаил: Во Втората македонска бригада учетвувале еден…

Волјата на граѓаните на сегашната улица "Адем…

Во Хаг продолжува судењето на командантите на…

Во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните…

Ветераните на УЧК утре ќе протестираат во…

Ветераните на УЧК утре ќе одржат протест…

Продолжува судењето за Хашим Тачи и поранешните…

Специјализираните совети на Косово во Хаг овој…

“УЧК” натписи се појавија на детско изгралиште…

Во селото Угларе во Косово на детското…