Прокиснати кровови и мувла, ученици во Охрид учат во зграда налик на Голи Оток
Загрижен граѓанин во порака до редакцијата на Инфомакс испрати фотографии и информации за протест на ученици во средно училиште во Охрид, каде учениџите учат во катастрофални услови.
– Би сакал да ве информирам дека на 09.12.2025 денес , учениците од ОСУ „Климент Охридски“ Охрид излегоа на протест .
Односно после големиот одмор и покрај големиот притисок од директорката и дел од професорите, голем дел на учениците излегоа на протест и одбиваа да се вратат во училишните клупи .
Училиште е пред распаѓање, покривот прокиснува голем дел од училниците се заклучени ради паднати плафони појавена е црна мувла по ѕидовите , неподнослива миризба има на секој кат од зградата.
Многу ученици имаат респираторни проблеми , се жалат на главоболки, кашлање, отежнато дишење.
Во прилог слики од училиштето. – стои во пораката која ја добивме.
Граѓани информираат дека во училиштето се врши притисок, а учениците добиваат закани дека ќе добијат неоправдани доколку не прекинат со протестите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прокиснати кровови и мувла, ученици во Охрид…
Загрижен граѓанин во порака до редакцијата на…
Македонија и формално влезе во преговори за…
Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна…
Жељазков: Инсистираме на почитување на договорените предуслови…
„Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но…
Млад затвореник од струшко почина во болница…
Триесет и тригодишник од струшкото село Октиси…
ХОРОР ВО ОХРИД: Тинејџер силувал 12-годишно девојче,…
Полицијата јавува за вознемирувачки случај на сексуално…