Објавено на:

Пронајдено оружје по претреси во Демирхисарско, уапсени четири лица

t

Четири лица се лишени од слобода во Демир Хисар и околината, поради тоа што кај нив било пронајдено оружје, соопштија од МВР.

„На 01.07.2026 во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од с.Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети. Исто така на 01.07.2026 во 09:45 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Р.М.(61) и Р.Ш.(35) двајцата од с. Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар. По документирање на настаните против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во објавата на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец летал со 177 на место каде…

На 01.07.2026 во 18:00 часот на патот…

Загина 56 годишен кавадарчанец – со камионот…

МВР информира дека вчера во СВР Велес…

Уапсен тетовец кој беше снимен како фрла…

Вчера во 18:00 часот на улица „Љубо…

Крадец одзел пари и предмети од црква…

На 30.06.2026 во СВР Охрид е пријавено…