Објавено на:

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов

t

Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од неговиот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.

Јованов беше познат бизнисмен и дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија, а во јавноста беше познат и како еден од обвинетите во предметот „Шпански скали“. Тој доби ослободителна пресуда.

„На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција“, велат од МВР за „Скопје1“.

Причините за смртта засега не се познати и ќе бидат утврдени по извршената обдукција. Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…

Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…