Пронајден таен документ – Западот во 1991 година одлучил дека проширување на НАТО на исток е неприфатливо

t

Во Националниот архив на Велика Британија е пронајден документ од 1991 година, во кој западните земји наведуваат дека проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо, пишува Шпигел.
Документот, кој првично беше класифициран како „таен“, го пронашол професорот на Универзитетот во Бостон, Џошуа Шифринсон. Во текстот се зборува за средбата на претставниците на министерствата за надворешни работи на Велика Британија, САД, Франција и Германија, која се одржала во Бон на 6 март 1991 година. На средбата се разговарало за прашањето за безбедноста на Полска и другите источноевропски земји.
Документот покажува дека учесниците на состанокот се согласиле дека членството на источноевропските земји во НАТО е „неприфатливо“, пишува германскиот весник.
Се посочува дека германскиот претставник Јирген Хробог во таа прилика изјавил дека „потребни се нови идеи како да се обезбеди безбедноста на Централна и Источна Европа“.

„За време на преговорите во форматот 2 + 4, јасно ставивме до знаење дека НАТО нема да се прошири надвор од реката Елба. Затоа, не можеме да понудиме членство во НАТО на Полска и на другите земји“, се наведува во делот од документот, пишува „Шпигел“. Во написот се прецизира дека германскиот претставник во својата изјава очигледно го помешал Лаба со Одра.
Според Хроборг, тој став се совпаѓа со мислењето на Владата на тогашниот германски канцелар Хелмут Кол и министерот за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер.
Според весникот, повикувајќи се на документот, претставникот на САД, Рејмонд Цајц, изјавил дека тие му ставиле до знаење на Советскиот Сојуз дека нема да профитираат од повлекувањето на советските трупи од Источна Европа.
НАТО не треба да се шири на Исток, ниту формално, ниту неофицијално, изјави американскиот претставник, пренесува „Шпигел“.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот безброј пати ѝ ветил на Русија еднаква безбедност и ги прекршил тие ветувања, со што ја принудил Москва да бара писмени гаранции за сопствената безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…