Протекоа информации: Heмирите во Казахстан биле однапред подготвени со поддршка од странство
Шефот на извршниот комитет на Заедницата на независни држави (ЗНД), Сергеј Лебедев изјави дека немирите во Казахстан биле однапред подготвени и дека организаторите добиле поддршка од странство, пренесува Танјуг.
Извршниот комитет, како што рече, има единствен став по прашањето за консолидирање на напорите за да се направи се за да се зачува безбедноста на Заедницата на независни држави.
„Извршниот комитет се состои од меѓународен тим од сите земји на ЗНД, кои сите внимателно го следат развојот на ситуацијата во братската држава. Ќе ги обединиме нашите напори за да продолжиме да ја зајакнуваме и зачуваме безбедноста на нашата заедница“, нагласи тој.
Лебедев, исто така, истакна дека сите негови колеги ги поддржуваат мерките што ги преземаат властите на Казахстан и другите земји-членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), со цел да се зачува уставниот поредок во таа поранешна советска република.
Тој рече дека се надева оти мирот и правниот поредок во Казахстан наскоро ќе бидат целосно воспоставени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протести во Бангладеш поради смртта на студентски…
Бангладеш доцна синоќа беше зафатен од насилни…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Светските медиуми за собирот во Нови Сад:…
Светските медиуми како што се „Ле Монд“…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
Протест пред Градското собрание во Ниш: Демонстрантите…
Студентите и граѓаните на Ниш вечерва протестираа…