Протести во Тирана: Демонстранти фрлаа молотови коктели кон Владата и се судрија со полицијата
Опозициската Демократската партија на Сали Бериша вчера повика на национален протест во она што го нарекува почеток на бран протести сè додека не се постигнат целите, а тоа е отстранување на Еди Рама од раководството на владата по големите корупциски скандали што кулминираа со барањето на Специјалното обвинителство до албанскиот парламент да му го одземе имунитетот и да даде овластување за апсење на вицепремиерката Белинда Балуку, објави Ора њуз.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон кабинетот на премиерот веднаш по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша. Додека полицијата се чини дека остана малку помирна отколку во минатото.
-Албанците стојат на историската мисија да го отстранат Еди Рама, да ја спасат Албанија, да ја спасат демократијата, да го спасат албанското семејство. Затоа сме денес тука, убеден сум дека со право, а не неправедно, има граѓани тука на плоштадот, има и други кои нè следат, кои кажуваат што ќе прават овие луѓе… И знајте добро дека кога излеговме со оваа посветеност, никогаш не губиме, победувавме, победуваме, ќе победуваме. Неколку крадци никогаш не можат да нè згазнат. Неколку крадци и шверцери на дрога никогаш не можат да го згазат нашето достоинство, нашата иднина, да ја оцрнат Албанија или да нè избркаат од Албанија. Не, никогаш – рече Бериша по што се вжешти атмосферата пред кабинетот на Рама.
Политичката тензија ескалира во Албанија во последните недели, бидејќи вицепремиерката е вмешан во корупциски скандал во кој се вклучени неколку функционери и приватни компании. Белинда Балуку е обвинета за злоупотреба на јавни средства во корист на одредени компании во големи инфраструктурни проекти.