Протести има но владата се поизвесна: СНП влегува во малцинската влада на Абазовиќ

Раководството на Социјалистичката народна партија (СНП) е за влез во малцинската влада, изјави денеска пратеникот на таа партија Драган Ивановиќ.
Ивановиќ за ТВ Прва најави дека седницата на Главниот одбор на СНП ќе се одржи в понеделник и нагласи дека на Главниот одбор е да донесе одлука за влез во малцинската влада, пишува подгорички Вијести.
Тој тврди дека новата влада нема да биде таква што некој ќе биде заштитен или дека ќе има поединци кои ќе бидат над законот.
Ивановиќ рече дека доколку се формира новата влада приоритет ќе бидат пописот на населението, Основниот договор со Српската православна црква и законот за потеклото на имотот.
Претходно, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, за мандатар за состав на новата влада го предложи лидерот на Граѓанското движење УРА и поранешен вицепремиер Дритан Абазовиќ.
Претходно Абазовиќ ја повика СНП што поскоро да одлучи дали ќе биде дел од новата влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прославата на Ковачевски за една година Влада…
Граѓаните од државниот буџет за дводневната конференција…
Кој сака да остави фотелја: Алтернатива нема…
Партијата Алтернатива засега не планира да ја…
Стотици животи на болните од рак зависат…
Акцелераторот за зрачење на болните од рак…
Владата скрати два милиони денари за рано…
Два милиони денари помалку ќе даде Владата…
Утре протест пред Влада за да се…
Утре, на 13 јануари, во 16 часот…